Home Radio 5 Coki

    Radio 5 Coki

    3
    0
    Radio 5 Coki
    Country: Macedonia
    Playing:

    Богатата фонотека на Радио 5 веројатно е најголемата и најавтентична збирка на аудио материјали кои сведочат за историјата и растежот на Прилеп во изминатите 9 години. Радиото го бележеше животот на прилепчани, му овозможуваше да ги слушнат новостите и важните настани истовремено, но и влијаеше на текот на настаните. Уште повеќе: Радиото беше и се уште е гласот на прилепчани! Ја одразуваше колективната свест на прилепчани и нивните желби за подобрување на животот во градот што го сакаат и е нивен. По доаѓањето на интернетот и првите интернет провајдери, се склучи договор за онлајн стриминг на програмот на Радио 5 преку интернет, по што беше покриен и оној сегмент – дијаспората, кој беше многу битен за проширување на македонската култура и овдешните прилики на македонците ширум светот. Денес Радио 5 е современ електронски медиум со мошне високи содржински и технички принципи на радио форматот, по кој се издвојува од сите други радио станици во Прилеп. Во време кога комерцијалноста, а со тоа и и кичот навлезе во многу пори од животот, и многумина продаваат шунд спакован во украсна фолија, ние и натаму се стремиме да го издвоиме она што е вредно и трајно. Нашата музичка програма е комбинација на различни музички стилови, стари и нови, од странски и домашни евергрини, но секако незаборавни музички нумери. Не ги следиме трендовите по секоја цена, туку ги селектираме по вредност и музиката и информациите што ги пласираме на нашите мегахерци. Избегнуваме локални трачеви, навреди на личности, прекинување на музики нумери со зборување, напорни и долги информативни програми, непотребно долги разговори и коментари со пласирање на лични ставови на новинарите, а се стремиме кон етика во информациите и говорот, го поддржуваме македонскиот литературен јазик и култура, и пред се ги следиме желбите на прилепчани. Тука сме кога им требаме, го креваме гласот за да ги заштитиме нивните права, и до денес останавме верни на првичната идеја - Радио 5 да биде пулсот на прилепчани, нивните очи и уши.

    Leave a Review